PREMIERE CONCENTRÉ DÉCALCIFIANT 250ml
Третман пред шампонирање кој го отстранува калциумот и целосно ги обновува сите типови оштетена коса.
Тврдата вода со калциум може дополнително да ја оштети веќе чувствителната и премногу третирана или осветлувана коса. Со оглед на тоа дека е порозна, оштетената коса впива 3 пати повеќе калциум од природната коса. Концентрацијата на чисти киселини во овој третман има двојно дејство: декалцификација на косата од прекумерното оптоварување со калциум и обновување од внатре кон надвор, враќајќи ја цврстината на косата и отстранувајќи го нејзиниот вкочанет, безживотен изглед.
Со својата проѕирна гел текстура, овој брилијантен спасител за косата драматично го обновува упорното оштетување, повторно поврзувајќи ги кератинските врски како би се зацврстила и структурата на косата. Косата е поцврста, со здрав изглд и изгледа посјајно – како да е обновена. Остави го Ostavite Kérastase Concentré Décalcifiant Ultra-Réparateur без одмивање и нанеси слој од Kérastase Première Bain Décalcifiant Réparateur за дополнително делување против калцификацијата и обновувањето. Како завршен чекор, комбинирај го Fondant Fluidité Réparateur.
Шишето е изработено од 95% рециклирана пластика.*
Враќа 99% од првичната цврстина на косата.**
*Без бои и адитиви.
**Инструментален тест по 6 нанесувања на Première Concentré + Bain + Fondant/Masque.
PREMIERE BAIN DÉCALCIFIANT 250ml
Kérastase Première Bain Décalcifiant Réparateur е шампон за декалцификација и обнова на сите типови прекумерно третирана или оштетена коса. kОвој професионален шампон без сулфати** нежно ги чисти скалпот и косата, а истовремено го отстранува калциумот кој дополнително ја ослабува косата. Косата се обновува одвнатре кон надвор, кршењето е намалено и се враќа нејзоното здравје. Бел кремаст шампон кој се претвора во луксузна пена, чие негово двојно дејство се бори против предозираноста од калциум од тврдата вода која ја напаѓа твојата веќе оштетена или осветлувана коса, оставајќи ја безживотна и млитава. Исто така ги обновува кератинските врски во влакното, поправајќи ја косат во сржта. Твојата коса е мазна и лесна за управување, сјајна и еластична. Препорачуваме нанесување на Kérastase Première Bain Décalcifiant Réparateur во слоеви преку Kérastase Concentré Décalcifiant Ultra-Réparateur, без претходно одмивање за максимални резултати. Комбинирај со други производи од Première линијата, како што е Masque Filler Réparateur за дополнителна обнова и ресторативни резултати. Шишето од 500ml е изработено од 100% рециклирана пластика* во фабрика која користи 100% обновлива енергија и истото може повторно да се полни со ќесичка шампон, изработена од -82 % пластична амбалажа** во фабрика Waterloop.
*Без пумпица, бои и адитиви.
**Во споредба со два Bain шампони од 250ml.
PREMIERE FONDANT REPARATEUR 200ml
Кога косата е веќе оштетена, на неа се таложи калциум, дополнително ослабувајќи ја кутикулата и кортексот на косата. Kérastase Fondant Fluidité Réparateur со своето двојно дејство се бори против предозирањето од калциум, најпрво отстранувајќи го калциумот, а потоа обновувајќи ја косата. Крутиот аспект на косата поради калциумот во тврдата вода се неутрализира, се спречува понатамошно кршење и косата се обновува одвнатре. Kérastase Première Fondant Fluidité Réparateur ја обновува косата со својата лесна текстура налик желе и ја враќа нејзината цврстина и отпорност. Твојата коса е неверојатно мека, мазна и лесна за обликување.
Шишето е изработено од 45% рециклирана пластика.*
+86% влажност**
*Без капаче, бои и адитиви.
**Инструментален тест.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
PREMIERE CONCENTRÉ DÉCALCIFIANT 250ml
Обично нанеси на мокра коса пред шампонирање и измасирај. Остави да делува 5 минути. Не одмивај, туку нанеси Premiere шампон директно врз него, како би ја зголемила ефикасноста. Исплакни и нанеси Premiere балсам или маска.
PREMIERE BAIN DÉCALCIFIANT 250ml
Нанеси на мокра коса, преку ОБНОВУВАЧКИОТ ТРЕТМАН ЗА ДЕКАЛЦИФИКАЦИЈА. Измасирај и запени. Темелно исплакни. Продолжи со Première балсам или маска.
PREMIERE FONDANT REPARATEUR 200ml
Нанеси на шампонирана коса просушена со пешкир. Измасирај по должината и врвовите.
Остави да делува 3 до 5 минути. Исплакни.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар