GENESIS BAIN HYDRA-FORTIFIANT 250ml
Купка против опаѓање, за ослабена коса склона кон кршење. Нежно ги чисти и зајакнува влакната на косата за да го намали ризикот од опаѓање на косата поради кршење. Оваа ултра нежна формула е идеална за фина или мрсна коса за отстранување на себум и нечистотии од скалпот и влакната. Нежното чистење ја смирува и хидрира косата од коренот до врвовите, оставајќи ја со лесно чувство. Збогатена со моќна комбинација од матични клетки од еделвајс и корен од ѓумбир, формулата ги зајакнува влакната на косата за интензивна отпорност со цел намалување на ризикот од опаѓање на косата поради кршење. Косата е подготвена за третман, зајакната за полн и поздрав изглед.
GENESIS FONDANT RENFORCATEUR 200ml
Третман против опаѓање, за ослабена коса склона кон кршење. Оваа кремаста формула нуди дејство против кршење со најлесен финиш. Помага во обновувањето на влакната на косата и го зајакнува нивниот природен отпор за да се намали ризикот од опаѓање на косата поради кршење. Збогатен со комбинација од матични клетки од еделвајс и корен од ѓумбир, веднаш ги измазнува, зајакнува и омекнува влакната, а воедно обезбедува и длабинска нега без да и тежни на косата. Косата е мазна, сјајна и поцврста.
GENESIS DEFENSE THERMIQUE 150ml
Третман за сушење на коса склона кон опаѓање поради кршење. Оваа млечна формула обезбедува заштита од кршење и оптимална хидратација без да ја витка или да и отежнува на косата. Збогатен со комбинација од матични клетки од еделвајс и корен од ѓумбир, Defense Thermique ја хидрира, зајакнува и штити косата од топлина до 230°C за да го намали ризикот од опаѓање на косата поради кршење. Косата е сјајна, мека и свиленкаста.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
GENESIS BAIN HYDRA-FORTIFIANT 250ml
Нанеси на влажна коса, а потоа темелно отстрани го вишокот вода пред да нанесеш шампон (во големина на орев) на 5 клучни предели. Додади вода и запени. Прво фокусирај се на скалпот и со врвот на прстите масирај го скалпот за да ги отстраниш нечистотиите. Темелно исплакни. Нанеси втора количина од шампонот и додади вода. Вториот слој ќе произведе обилна пена која ќе помогне во чистење на должината се до врвовите. Темелно исплакни. Во случај на контакт со очите, веднаш измиј ги темелно.
GENESIS FONDANT RENFORCATEUR 200ml
1. По шампонирање, добро просуши ја косата со пешкир.
2. Нанеси по должината и врвовите, почнувајќи од површинските делови, измасирај и извиткај го праменот со прсти. Повтори го нанесувањето на цела коса.
3. Остави да делува 2-3 минути, а потоа додади малку вода и направи пена на врвовите помеѓу рацете. Темелно исплакни.
GENESIS DEFENSE THERMIQUE 150ml
Нега без одмивање.
На коса просушена со пешкир: Ирпрскај 2 до 4 пати, во зависност од должината и дебелината на косата. Потоа со чешел рамномерно распореди го производот. Продолжи со сушење на косата природно или со фен.
На сува коса: Нанеси на сува коса по природно сушење или сушење со фен, како завршен чекор за да го отстраниш frizz-от и да поттикнеш сјај. Стилизирај по желба.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар